Home Спорт Миланско дерби за ѕвездата на Рома

Миланско дерби за ѕвездата на Рома

„Газета дело Спорт“ пренесува дека миланските гиганти Интер и Милан се силно заинтересирани за фудбалерот на Рома, Алесандро Флоренци.

Флоренци е дете на Рома и има договор со „волчицата“ до јуни 2019 година, но преговорите за продолжување на истиот се во застој.

Наводно Рома не може да ги задоволи финансиските барања на фудбалерот, кој бара 4 милиони евра по сезона, па таквата ситуација сакаат да ја искористат миланските клубови.

Флоренци е играч за врска кој може да игра и како десен бек, па доколку во наредните недели не стави потпис на нов договор Рома ќе биде приморана да го продаде.

Италијанскиот репрезентативец по вокација е играч за врска, но може подеднакво добро да игра и како десен бек.

„Газета дело Спорт“ тврди дека во моментов Интер е во предност за неговиот потпис, поради добриот однос кој го има Флоренци со тренерот Лучијано Спалети.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…