Милан и Монако спремаат голема трампа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан и Монако спремаат голема размена на играчи во летниот преоден рок.

Имено, Монако покажува силен интерес за португалскиот репрезентатувец Андре Силва, кој минатото лето пристигна на „Сан Сиро“, но не успеа да се наметне.

Андре Силва беше донесен како големо засилување за 36 милиони евра, но успеа да постигне само 2 гола, па Милан нема ништо против неговото заминување.

Весникот тврди дека спортскиот директор Мирабели имал состанок со агентот на играчот Жорге Мендеш, а на состанокот присуствувал и директорот на Монако, Микаел Еменало.

Милан е спремен да го пушти Андре Силва во Монако но за возврат го бара потписот на Кеита Балде. Сенегалецот минатото лето беше желба на сите италијански клубови, но на крајот завржи во „кнежевството“.

Кеита оваа сезона одигра солидно во Монако и на 24 натпревари постигна 8 гола и запиша 11 асистенции, но и тој нема ништо против да се врати во Серија А.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека станува збор за начелни преговори, но многу е веројатно трампата да се комплетира по завршувањето на сезоната.