Home Спорт Милан ја „украде“ ѕвездата на Фиорентина пред носот на Наполи

Милан ја „украде“ ѕвездата на Фиорентина пред носот на Наполи

Милан е исклучително активен на трансфер пазарот, па откако вчера го договори првото засилување, веќе денес е на само чекор од ново големо засилување.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ се на чекор од договор со ѕвездата на Фиорентина, Џордан Верето, кој треба да биде замена за Бакајоко.

26-годишниот Французин изминатите сезони покажа дека е еден од најдобрите плејмејкери во Серија А и за него силен интерес покажуваа многу клубови, особено Наполи.

Верето беше на чекор од трансфер во Наполи по барање на Анчелоти, но Малдини успеа да го „украде“ играчот пред носот на „наполитанците“.

Милан веќе има договор со играчот и е во напредни преговори со Фиорентина. „Росонерите“ понудија 25 милиони, додека „виолетовите“ бараат 30, но таа разлика може да биде „испеглана“ со бонуси.

Италијанските медиуми тврдат дека набрзо трансферот и официјално ќе биде комплетиран и во следните денови играчот ќе пристигне во Милано на лекарски прегледи.

https://youtu.be/aO2iFRYTA1U

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…