Home Спорт Милан ја откри главната желба за летното „меркато“

Милан ја откри главната желба за летното „меркато“

Спортскиот директор на Милан, Масимилиано Мирабели откри кој фудбалер ќе биде главна трансфер желба на „росонерите“ следното лето.

Милан минатото лето донесе голем број на засилувања, но не ги постигна очекуваните резултати, па веќе прави планови за следната сезона.

Минатото лето главна желба на Милан беше напаѓачот на Торино Андреа Белоти, па очигледно клубот од „Сан Сиро“ не се откажува од напаѓачот.

„Белоти? Вистина е дека се обидовме да го донесеме во Милан, но беше многу тешко поради неколку причини“, откри Мирабели и додаде:

„Сепак, Белоти е фантастичен фудбалер притоа голема навивач на Милан. Можеби ќе му се оствари желбата еден ден да го облече дресот на својот омилен клуб. Ќе видиме“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…