Милан ги откри сите бројки – еве колку пари потрошија „росонерите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот гигнат Милан беше еден од најактивните клубови во летниот преоден рок и успеа на „Сан Сиро“ да донесе 11 нови засилувања.

Милан успеа да направи целосна реконструкција на тимот,а најголемо засилување секако е Леонардо Бонучи, трансфер кој предизвика големи турбуленции на Апенините.

Новото раководство на „росонерите“ работи транспарентно, па синоќа веднаш после затварањето на преодниот рок излезе на пресконференција и ги соопшти точните бројки од трансфер пазарот.

„Потрошивме точно 230 милиони евра на нови засилувања и за тоа му сме благодарни на претседателот кој ни овозможи толку голем буџет. Од продажба на играчи инкасиравме околу 60 милиони евра, но можно е да биде продаден уште некој (Соса) бидејќи трансфер пазарот во Турција сеуште е отворен“, изјави генералниот директор Фасоне.

„Платите на фудбалерите оваа сезона ќе изнесуваат помеѓу 110 и 120 милиони евра. Со оглед на буџетот кој го имавме задоволни сме како го сработивме преодниот рок и ги остваривме 90% од нашите замисли кои ги имавме на почетокот“, додаде Фасоне.

Спортскиот директор Макс Мирабели изјави дека жали што не се реализираше трансферот на Обамејанг и потврди дека напаѓачот веќе имал договор со Милан.

„Сега кога заврши преодниот рок можам да откријам дека Обамејанг сакаше да дојде во Милан и веќе имавме договор, но Борусија направи се за да го задржи во своите редови. Мислам дека креиравме силен тим кој е микс помеѓу млади и искусни фудбалери. Сепак, јануари е многу блиску, а ние сме веќе спремни за зимскиот преоден рок“, изјави Мирабели.