Милан чека одговор од Донарума и спрема „план Б“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веќе подолго време главна вест на Апенините е иднината на најталентираниот голман во Европа и член на Милан, Џанлуиџи Донарума.

Донарума има договор со „росонерите“ до 2018 година, новото раководство му понуди нов петгодишен договор тежок 4 милиони евра по сезона, но сеуште нема одговор од младиот голман.

Неговиот менаџер Мино Раиола изјави дека Донарума нема да брза до одлуката, но раководството на Милан го предупреди дека нема намера да го продаде и доколку не добие одговор младиот голман ќе биде испратен на трибините.

За ова јавно проговори и генералниот директор на Милан, Марко Фасоне кој истакна дека клубот ќе направи се за да го задржи Донарума, но исто така веќе спрема „план Б“.

„Ние јасно му кажавме на играчот и неговиот менаџер дека не сакаме да го продадеме и во него гледаме еден од темелите на кој ќе го градиме тимот во иднина. Ги правиме сите можни напори и јас лично верувам дека ќе најдеме решение. Сепак, не можеме да чекаме уште долго, не сакаме во следната сезона да влеземе со голман кој е без договор, затоа спремаме план Б“, изјави Фасоне, кој потврди дека ова лето ќе пристигнат големи засилувања на „Сан Сиро“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „планот Б“ на Милан е Војчех Шчешни, кој оваа сезона бранеше во Рома како позајмен фудбалер на Арсенал.