Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Штафетата на Британија 4×200 метри во состав на Том Дин, Џејмс Гај, Метју Ричардс и Данкан Скот стигна до златниот медал на олимпискиот пливачки турнир.
Тие штафетата ја испливаа со време 6:58:58 што е нов европски рекорд и втор најдобар резултат на сите времиња. Среброто во оваа категорија го освои Русија, а до бронза стигнаа Италијанците.
На 200 метри пепертука во слободен стил победи Криштоф Милак од Унгарија, тој успеа да го урне и олимпискиот рекорд на Мајкл Фелпс. Неговото време беше 1:51.25 што е за 78 стотинки подобро од времето кое го исплива Фелпс во Пекинг во 2008 година.