Home Спорт Милак на 200 метри пеперутка го сруши олимпискиот рекорд на Фелпс, Британците се нови олимписки шампиони во 4х200 метри слободно

Милак на 200 метри пеперутка го сруши олимпискиот рекорд на Фелпс, Британците се нови олимписки шампиони во 4х200 метри слободно

Штафетата на Британија 4×200 метри во состав на Том Дин, Џејмс Гај, Метју Ричардс и Данкан Скот стигна до златниот медал на олимпискиот пливачки турнир.

Тие штафетата ја испливаа со време 6:58:58 што е нов европски рекорд и втор најдобар резултат на сите времиња. Среброто во оваа категорија го освои Русија, а до бронза стигнаа Италијанците.

На 200 метри пепертука во слободен стил победи Криштоф Милак од Унгарија, тој успеа да го урне и олимпискиот рекорд на Мајкл Фелпс. Неговото време беше 1:51.25 што е за 78 стотинки подобро од времето кое го исплива Фелпс во Пекинг во 2008 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…