Мијалков вчера вечерта го напушти затворот во Шутка


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Бившиот прв чове на УБК, Сашо Мијалков, синоќа околу 19:10 часот излезе од затворот „Скопје“ од Шуто Оризари, потврдија од управата на затворот, а пренесе „360 степени“.

Излегувањето на Мијалков следува откако денеска Апелацискиот суд во Скопје го укина притворот кој му го определи Кривичниот совет во Основниот кривичен суд минатата среда (22 декември) за предметот „Плацови на Водно“ каде тој е еден од обвинетите.

Мијалков се наоѓаше во притвор од 26 февруари годинава односно од изрекувањето на пресудата за „Таргет-Тврдина“ каде неправисолно е осуден на 12 години затвор. На 13 април тој доби уште една првостепена пресуда од осум години за случајот „Трезор“. Тогаш притворот од „Таргет-Тврдина“ му беше заменет со притвор за „Трезор“. По неколку одбиени барања и жалби за укинување, минатата недела Апелацискиот суд реши да го укине притворот, прифаќајќи гаранција од 11 506 501 евро, со дополнителни мерки на претпазливост: одземање на пасоши и обврска да се јавува во судот.

За да го спречи излегувањето на слобода, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција истиот ден побара нов притвор, но во „Плацови на Водно“, кој беше одобрен од првостепениот суд. Адвокатите на Мијалков се жалеа повикувајќи се на веќе правосилното решение за укинување на притворот со гаранцијата од 11,1 милиони евра по што следуваше денешната одлука на Апелација за укинување и на овој притвор.