Мијалков си даде оставка на советничкото место во Царина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Братот на Сашо Мијалков, Влатко Мијалков, си даде оставка на местото советник на директорот на Царинската управа, пренесува „Макфакс“.

Од Царина додаваат дека оставката била на негово барање и не сакаат да споделат повеќе информации, за како што велат, да не му се нарушела приватноста.

Влатко Мијалков му беше советник на директорот на Царинската управа со години. Неговиот глас го имаше во многу од прислушуваните материјали. Тој во една од бомбите разговара со сопругата на ексминистерот за правда, Михајло Маневски, Филимена, за Тереза Блажевска од скопска Апелација која треба да му помогне за конкретен предмет, а Филимена, пак, го препраќа кај експретседателката на судот, Љупка Арсениевска, која, како што рече, е „ептен наша“.
Фотопринт од една од бомбите на СДСМ

Во друга бомба, Влатко Мијалков и Миле Јанакиески разговараат како да уценуваат вработени во Цринската управа да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Мијалков на Јанакиески му вели дека дал наредба за 1.200 вработени што живеат во општина Центар да му штиклираат кој за која партија ќе гласа на изборите. Мијалков разговара и со ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески, обвинет во случајот „Транспортер“ на специјалното јавно обвинителство.