Home Актуелно Мијалков пред оди во затвор на големо славеше „мекици“, Тамара Тодевска во прегратка на гордиот дедо (фото)

Мијалков пред оди во затвор на големо славеше „мекици“, Тамара Тодевска во прегратка на гордиот дедо (фото)

Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков неколку дена пред да започне со издржувањето на тригодишната затворска казна во струшкиот затвор го прослави раѓањето внуката на забава во хотелот Мериот.

Постариот син на Сашко Мијалков пред четири дена стана татко, а сега фамилијата конечно ги собра блиските роднини и пријатели на мекици.

Веста ја сподели сестрата на Анастасија, Александра, партнерка на актерот Атанас Атанасовски, со кој има две деца.

На социјалните мрежи објавени со фотографии од забавата којашто ја направиле Мијалкови, а поранешниот директор е сликан со пејачката Тамара Тодевска, која пеела на забавата.

Пејачката, инаку блиска пријателка на новопечените родители, на една од сликите позира во прегратка на гордиот дедо, поранешниот шеф на УБК кој го чека издржување на тригодишната затворска казна во струшкиот затвор.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…