Автобуска несреќа го разбуди Балканот: Се преврте автобус, еден загина има многу повредени


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Едно лице загина, а 22 се повредени при превртување на автобус на автопатот Лесковац-Ниш во Србија. Несреќата се случила утрово во 5 часот и 50 минути.

Порталот Нова.рс пишува дека утринава во болницата во Ниш се пренесени седум лица, од кои двајца се тешко повредени.

Еден од повредените патници е 13-годишно момче, кое било примено со набиен стомак. Исто така, постар маж (69) се здобил со отворена скршеница на раката и скршеница на ребро. Операцијата е во тек.

Потоа во Општата болница во Лесковац биле пренесени и згрижени 15 повредени лица. Нивната состојба е непозната.

Водачот на групата починал на местото на несреќата, со оглед на тоа дека се работи за туристички автобус од Сомбор, кој сообраќал од Грција.

Несреќата се случила утрово околу 5 часот, кога од засега непознати причини автобусот се превртел. Во лекувањето на повредените учествувале повеќе медицински екипи.

Во одделението за опсервација има седум лица, сите пациенти се свесни, комуникативни и моментално имаат стабилни витални параметри. Дијагностиката е во тек и се утврдува степенот на повредите.

Доктор Небојша Димитријевиќ, директор на општа болница Лесковац, изјави дека ниту еден од пациентите кои биле пренесени во таа болница не е во животна опасност.