Објавена причината за драмата над македонското небо, познато зошто авионот се вратил во Охрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Немаше никакво принудно слетување на авион на Охридскиот аеродром, изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК од Контролата на летање (М-НАВ) по информациите што ги објави ТВ 21, а неколку други медиуми преземаа, дека авион што полетал од Охрид за Германија, се вратил и принудно слетал на Охридскиот аеродром.

Станува збор за авион „ербас А-32о“ на  унгарската нискобуџетна компанија „Визер“, на редовна линија од Охрид за Фридрихсхафен, кој на пат кон Германија требало да слета во Скопје и да земе патници за крајната дестинација.

Поради невремето што во попладневните часови го зафати главниот град, авионот не можел да слета во Скопје и капетанот пет-шест пати вртел над скопскиот аеродром чекајќи подобри метео услови, по што безбедно се вратил во Охрид, велат од Контролата на летање.

Забуната настанала оти на патници им било чудно дека авионот неколку пати вртел.

Според податоците од специјализираната веб страница Флајт радар 24, авионот се задржал во македонскиот воздушен простор повеќе од два часа пред да се врати во Охрид.

Авионот и без тоа доцнел во поаѓање 3 часа поради лоши временски услови.