Пратеникот Зекир Рамчиловиќ прво си ја вработи сопругата во МВР, а сега син му стана полицаец

Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ кој гласаше ЗА уставни измени, откако си ја вработи сопругата во МВР, сега се пофали дека и неговиот син станал полцаец.

Од тука, се поставува прашањето дали вработувањата доаѓаат како награда за гласањето за уставните измени?! Јавноста има потврден одговор на ова прашање!

Сопругата на пратеникот Рамчиловиќ веќе неколку години работи во Министерството за внатрешни работа, т.е. во Секторот за внатрешни работи како самостоен советник во писарница, што според систематизацијата на МВР, работното место на Мерсида Рамчиловиќ е релативно висока позиција во писарницата.

Рамчиловиќ неодамна се произнесе и за правичната застапеност потенцирајќи дека е несоодветна за помалкубројните заедници.

За подеднаква и правична застапеност на етничките заедници во државната администрација, треба да се земе во предвид процетуалната етничка застапеност кај резидентното население истакнува директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски. Но, не се сите задоволни како оваа застапеност се остварува.

Според независниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ, правичната застапеност беше добро замислена идеја со цел за целосна интеграција на сите етнички заедници и еднакви можности при вработување во јавниот сектор, која прерасна во обврска, но во однос на помалкубројните заедници, вклучително и за Бошњаците не ги даде очекуваните резултати.

– Ова се должи и на малиот процент на заедниците, при што за воопшто да биде вработен на пр. некој Бошњак институцијата треба да има над сто вработени. Што значи дека во најголем број од институциите, во плановите за работа, скоро да нема можност за нивно вработување. Дополнително се прави и злоупотреба со балансерот при изјаснување за етничка припадност. Лично се залагам за промени во начинот на вработувањата во јавниот сектор, изјави за весникот ВЕЧЕР Рамчиловиќ.

За потсетување, Зеќир Рамчиловиќ беше еден од пратеници кои на социјалните мрежи го искажаа својот став дека немаат намера да гласаат за уставните измени и да одат против волјата на граѓаните, но набрзо по ваквата изјава, си го погази зборот и гласаше ЗА уставни измени.

Он е меѓу осуммината народни избраници на ВМРО-ДПМНЕ кои во закнодавниот дом го погазија својот став и гласаа „ЗА“ уставни измени.

По гласањето, партијата на вонреден извршен комитет донесе одлука пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои ги поддржаа уставните измени да бидат веднаш исклучени од партијата.

Во јавноста пак, на големо се коментира дека ваквите вработувања доаѓаат како награда за гласањето за уставните измени.