Home Актуелно „Метлата“ од Заев ќе почека за акција – премиерот оди на одмор

„Метлата“ од Заев ќе почека за акција – премиерот оди на одмор

Кадровата чистка со фамозната метла која како симбол за владините структурни реформи ја доби премиерот Зоран Заев од актерот Драган Спасов-Дац ќе почека за акција бидејќи во наредните четири дена премиерот ќе биде на одмор, објави владината прес служба.

Мини-одморот на шефот на Владата доаѓа по претседателските избори кои за одржаа на 5 мај а по нив беше најавено дека ќе има „чистка“, односно кадрови промени во државниот врв, но и во пониските шалони, администрацијата, локалната самоуправа и самиот СДСМ. Во меѓувреме Заев ќе го пречека Папата Франциск во Скопје на 7 мај, беше во Сараево на Самитот на ЕБРД, се одржа владина седница и се одбележа Денот на Европа – 9 мај.

„Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија информира дека премиерот Зоран Заев во периодот од 10 до 14 мај ќе користи дел од своите слободни денови, заради приватни причини.
Канцеларијата на претседателот на Владата ќе функционира непречено во периодот на приватното отсуство на премиерот“, се вели во денешното соопштение.
Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…