Home Спорт Меси објави фотографија и ги загрижи фановите на Барса

Меси објави фотографија и ги загрижи фановите на Барса

Ѕвездата на Барселона, Лео Меси доживеа незгодна повреди за време на дуелот против Севиља на „Камп Ноу“.

Имено, Меси при еден пад заработи фрактура на десната рака, па му следува пауза од неколку недели.

Денес, шпанските медиуми за прв пат го „уловија“ Меси на улиците низ Барселона како шета со гипс околу раката, а фотографијата се разбира, ги загрижи сите навивачи на Барселона, дури и останатите љубители на фудбалот.

Меси поради повреда дефинитивно ќе го пропушти натпреварот против Интер во Лигата на шампионите како и престојното „Ел Класико“ против Реал Мадрид.

https://twitter.com/FootballHub2208/status/1054729842145550336

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…