Меркел вети финансирање на модернизацијата и спас на дизел возилата од градскиот превоз


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германската канцеларка Ангела Меркел вети двојно зголемување на паричниот фонд со кој би се финансирала модернизацијата на градскиот превоз во градовите, со цел намалување на емисиите на јаглерод диоксид, како и избегнување на забрана за сообраќај на возила со дизел мотори во германските градови.

„Фондот за одржување на мобилност во градовите ќе биде зголемен од досегашните 500 милиони евра, на една милијарда. Средствата за тоа се веќе обезбедени во новата пресметка“ изјави Меркел на таканаречениот дизел самит во Берлин, на кој германската канцеларка заедно со други претставници на градови и сојузни покраини, расправаа за можните решенија на проблемите околу дизел моторите, на кои во повеќе германски градови им се заканува забрана, поради преголемите количини на јаглерод диоксид во издувните гасови.

„Сите сме сложни околу тоа дека по секоја цена треба да се избегне забраната на сообраќај на возилата во германските градови“ рекла Меркел.

Од фондот за одржување мобилност ќе се финансира модернизацијата на јавнит градски превоз во германските градови и тоа со премин на почисти погони, со помош на електрични мотори. На првиот дизел самит беше договорено основање на таков фонд, а автомобилската индустрија се обврза да користи поинаков софтвер на новите автомобили со дизел мотори.