Славни

Мераклија за бургери од МекДоналдс: Еве како помина Трамп на систематски преглед

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп по првата фаза од рутинскиот и редовен годишен систематски преглед за оваа година објави дека неговото здравје е „многу добро“.

„Се е многу добро, одлично! Ќе го завршам прегледот следната година“ – напиша Трамп на Твитер по прегледот .

Трамп се сретнал и со лекарите од болницата и им се заблагодарил за грижата за американските војници.

Познато е дека американскиот претседател не се воздржува од бургерите од МекДоналдс и другата брза и нездрава храна и оти не сака да вежба, па во 2017 година накачи прилично вишок килограми.

Advertisements
To Top