Мелани Грифит става точка на плановите за нов брачен живот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатата холивудска актерка Мелани Грифит, по трите пропаднати брака и разводите од Дон Џонсон, Стивен Бауер и Антонио Бандерас, во интервју за InStyle откри дека ѝ е доволно од бракови и дека не планира повторно да се омажи.

„Верувам дека на никој веќе не му е важно. Особено ако имаш 60 години, имаш четири деца и го живееш животот што отсекогаш си го посакувал”, рече таа. „Зошто би се мажела тогаш? Јас би сакала да се вљубам и да имам романса, врска, не тоа не ми се случува во моментов. Продолжувам да барам. Имав неколку љубовници, но не и врска.“

Потсетувајќи се на нејзиниот однос со Дон Џонсон, со кого ја има ќерката Дакота Џонсон и со кого се омажи и се разведе двапати, Грифит рече дека имаат меѓусебна нескршлива поврзаност.

Што се однесува до нејзиниот речиси 20-годишен брак со Бандерас, актерката е благодарна за нивната ќерка Стела.