Home Спорт Медведев пропушти шанса за брзо враќање на тронот на АТП- елиминиран од Хуркач во Мајами

Медведев пропушти шанса за брзо враќање на тронот на АТП- елиминиран од Хуркач во Мајами

Русинот Данил Медведев загуби од Полјакот Хуберт Хуркач со 0:2 (6-7, 3:6) во сетови во четвртфиналето на турнирот во Мајами. Со овој пораз Медведев ја пропушти шансата брзо да се врати на врвот на АТП листата.

Ако Медведев стигнеше барем до полуфиналето експресно ќе го симнеше Ѓоковиќ од тронот, сепак тоа нема да се случи. Одлучувачки кон крајот на првиот и почетокот на вториот сет беше добриот сервис на Хуркач.

Ѓоковиќ за десетина дена се враќа на терените после неиграњето во Мелбурн и американската турнеја во Индијан Велс и Мајами.

Во полуфиналето Хуркач ќе игра против подобриот од Кецмановиќ и Алкараз.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…