Петочна и викенд временска прогноза

На првиот априлски ден времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на ретки грмежи и силен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 18 степени. Маврово 10, Охрид 14, Битола 17, Крива Паланка 15, Берово 14, Кавадарци 18, Дојран 19.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а во деновите од викендот на планините со врнежи од снег.