Меч на воин крстоносец стар 900 години пронајден во Израел (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Околу 900 години стар меч, за кој се верува дека припаѓал на војник крстоносец, е пронајден од аматер нуркач недалеку од израелскиот брег. Меч долг 1 метар е пронајден од Шломи Кацин и е предаден на властите.

Се смета дека мечот излегол на површината поради движењето на песокот. Израелската управа за антиквитети го проучува местото од јуни, но, како што велат, „артефактите тешко се откриваат бидејќи се појавуваат и исчезнуваат со движењето на песокот“.

Израелската управа за антиквитети соопшти дека мечот ќе биде јавно прикажан по чистењето и анализата.

Властите велат дека мечот е сочуван во совршена состојба и е прекрасно и ретко откритие кое очигледно му припаѓало на крстоносник.

„Возбудливо е да се сретнете со таков личен предмет, ве враќа 900 години наназад, во некое сосема друго време, во време на витези, оклопи и мечеви“, рече Нир Дистелфелд од Израелската управа за антиквитети.

Коби Шарвит, кој раководи со поморската археолошка единица на споменатата администрација, вели дека брегот Кармел, каде што е пронајден мечот, обезбедувал засолниште за бродовите за време на бурите низ вековите поморски активности долж брегот.

„Овие услови привлекувале трговски бродови со векови, оставајќи зад себе богати археолошки наоди“, вели тој.