Home Спорт Мбапе откри каде ќе игра следната сезона!

Мбапе откри каде ќе игра следната сезона!

Суперталентот на Франција, Килијан Мбапе одигра фантастично Светско првенство и беше избран за најдобар млад фудбалер на истото.

Неговата иднина е предмет на шпекулации бидејќи силен интерес за него покажува Реал Мадрид, кој според медиумите е спремен да плати 270 милиони евра.

Мбапе после освојувањето на светската титула со Франција откри каде ќе игра следната сезона.

„Останувам во ПСЖ. Го продолжувам својот пат. Јас сум само на почетокот од кариерата“, јасен беше 19-годишниот фудбалер и додаде:

„За да победуваш треба да веруваш, не е доволно само да имаш квалитет. Верата е над се“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…