Мбапе и компанија незапирливи – Монако четврт полуфиналист во Лигата на Шампиони


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во вториот натпревар синоќа, тимот на Монкао само ја потврди победата над Борусија Дортмунд славејќи со 3-1, со што вкупниот резултат од овој двомеч е 6-3.

Мечот кој доцнеше пет минути поради зголемените безбедносни мерки, Монако го реши во првите 15 минути, кога најпрвин Мбапе, а потоа и Фалко го совладаа Бирки. До крајот на полувремето играчите на Борусија го погодија дирекот од голот на Субашиќ, а добри шанси не реализираа Ројс и Гереиро.

На стартот на вториот дел Борусија намали на 2:1 преку капитенот Ројс, кој ја заврши одличната акција на Дембеле.

Меѓутоа по постигнатиот гол играчите на Борусија не успеаја да создадат нова шанса за гол, а точка на мечот стави Жермен во 81.минута.

Полуфиналните двојки ќе бидат извлечени во петок, во Нион. Првите полуфинални натпревари ќе се одиграат на 2. и 3.мај, а реваншите на 9. и 10.мај.