Home Актуелно Маж од Гевгелија осомничен за сексуална злоупотреба на осумгодишно дете

Маж од Гевгелија осомничен за сексуална злоупотреба на осумгодишно дете

Од гевгелиското Обвинителство информираа дека е отворена истрага против маж кој е осомничен дека сексуално злоупотребувал 8 годишно дете, кое заедно со уште две мали деца му биле доверени на чување.

-Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на кого родителите му ги доверувале на чување трите деца на возраст од 8, 6 и 2 години, искористувал исти прилики и во повеќе наврати вршел кривично дело обљуба врз најстарото дете, велат од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека осомничениот е во притвор.

-Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истагата со влијание врз сведоците и соучесниците и дека ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор.

Судијата за претходна постапка го прифати предлогот и му определи мерка притвор во траење од 30 дена, информираат од Обвинителството.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…