Матурант и сељак – „две во едно“: Друже полицаец, со овој не треба со убаво (снимка)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На социјалните мрежи е објавена снимка од матурант качен на кров на луксузнен џип во близина на хотелот „Александар Палас“ во Скопје како му покажува среден прст на полицаец додека овој се обидува да воспостави ред на местото и да го симне момчето од возилото.

Од МВР за „А1он“ го потврдиле инцидентот и рекоа дека идентитетот на момчето е утврден и тоа ќе биде повикано на разговор во станицата во Карпош.

„Во врска со прашањето за лицето кое недолично се однесува на јавно место, идентитетот на истиот е утврден и од страна на полициски службеници од ЕВР Карпош ќе биде повикан во Полициска станица Карпош и против него ќе се поднесат соодветни прекршочни пријави“, изјавиле од МВР.

Граѓаните се револтирани поради неговата реакција.