Home Актуелно Масовните протести дадоа резултат – Рио Тинто си оди од Србија

Масовните протести дадоа резултат – Рио Тинто си оди од Србија

Масовните еко-протести во Србија очигледно вродија со плод, а компанијата „Рио Тинто“ ќе си оди од Србија за неколку недели кога ќе истече нејзината лиценца која нема да биде продолжена, а воедно ќе биде откажан и проектот „Јадар“, пренесува ПлусИнфо. Утре попладне на седница на Владата ќе се зборува за копањето литиум во Лозница и за целиот случај.

– Мене ми е важно што сакаат луѓето во Србија. Дозволите издадени за „Рио Тинто“ наскоро ќе истечат, ќе го откажеме просторниот план во кој беше вклучен проектот „Јадар“ и тоа е тоа – рече премиерката на ТВ Прва.

Три последователни викенди, илјадници демонстранти во Белград и на други места во Србија ги блокираа главните патишта и мостови за да се спротивстават на планот за ископување литиум вреден 2,4 милијарди долари . Протестите беа најголемиот предизвик досега за владата на Александар Вучиќ. Градскиот совет на Лозница исто така гласаше против отворањето на ваков рудник.

За Брнабиќ, тоа е еден наследен проект од 2012, кога Министерството за животна средина издало лиценца за дупчење со голем дијаметар.

– Ниту ќе издаваме решение, ниту ќе правиме нешто повеќе, не само за „Рио Тинто“, туку и за литиумот, без договор со локалната заедница и локалното население – истакна Брнабиќ.

Англо-американската корпорација „Рио Тинто“ е втора фирма во светот во областа на металите и рударството, по фирмата БХП.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…