Home Актуелно Во последните 24 часа во Македонија 2.051 нов случај на Ковид-19

Во последните 24 часа во Македонија 2.051 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа направени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на КОВИД-19:

Скопје – 1.027, Битола – 170, Прилеп – 107, Куманово – 86, Струмица – 55, Тетово – 49, Охрид – 48, Штип – 47, Кавадарци – 45, Гостивар и Кочани – по 43, Гевгелија – 39, Кичево – 34, Велес – 32, Радовиш – 30, Струга – 24, Делчево – 22, Свети Николе – 21, Ресен – 19, Неготино – 15, Кратово – 14, Валандово – 12, Берово, Богданци и Демир Хисар – по 10, Крива Паланка и Крушево – по 8, Демир Капија – 6, Пехчево – 5, Пробиштип – 4, Македонска Каменица – 3, Македонски Брод – 2, Дебар, Виница и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (2.051), регистрирани се 276 реинфекции.

Регистрирани сe 747 оздравени пациенти од: Скопје – 473, Битола – 47, Куманово – 39, Охрид – 30, Кавадарци – 29, Прилеп – 27, Гостивар – 18, Велес – 13, Струга – 9, Гевгелија – 8, Штип – 7, Струмица, Делчево и Ресен – по 6, Кочани – 5, Радовиш и Виница – по 4, Крушево и Пробиштип – по 3, Неготино, Македонски Брод и Дебар – по 2, Кичево, Валандово, Богданци и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (82г и 86г) и Битола (48г и 65г) и по едно починато лице од Крива Паланка (76г), Прилеп (77г) и Охрид (70г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 7 починати лица од Скопје (2), Гостивар (2), Гевгелија (1), Струмица (1) и Тетово (1) починати во период од 08-14.01.2022. Починатите се на возраст од 47г до 89г. Од пријавените случаи 3 се починати во болнички услови и 4 се во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=14), четири лица се целосно вакцинирани.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…