Маслиново масло против холестерол

Маслиново масло против холестерол

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Маслиновото масло можеме да го најдеме скоро секаде, но иако знаеме дека е здраво, знаевте ли дека е одлично и против холестерол?

Според многуте истражувања, маслиновото масло е целосно природно и по никаков начин не може да му наштети на нашето здравје.

За екстра девствено маслиново масло може да се каже дека е чист сок кој се добива со механичко цедење на плодот на маслинката, без додавање на хемикалии или било каква термичка обработка за време на целиот процес.

Истражувањата покажуваат дека замената на заситените масти со маслиново масло резултира со намалување на нивоата на холестерол. Тие помагаат и во спречувањето на LDL да предизвика воспаление во артериите, што е кључен фактор за кардиоваскуларни заболувања.

Истовремено, се покажало дека консумирањето на барем две супени лажици секој ден го намалува вкупниот холестерол за осум проценти во рок од шест недели.

Без разлика дали ќе изберете маслиново масло за подготовка на оброци, додавање во салати или го консумирате на овој начин, тоа ќе има дефинитивно позитивно влијание на вашиот организам.