Маски за коса од кујната: Храната што ја имате дома ќе ја направи вашата коса посјајна и поздрава

Маски за коса од кујната: Храната што ја имате дома ќе ја направи вашата коса посјајна и поздрава

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Суви и испукани врвови од силно фенирање, преса за коса, фарбање и други разни третмани, со овие маски ќе се врати косата која ќе добие живост и сјај. Ви предлагаме неколку маски за секој тип коса.

Сува коса

Маска од мед
Медот и ги дава на косата потребните витамини, а маслиновото масло ја враќа влажноста и сјајот на косата. Доколку имате сува коса без сјај, направете маска од мед и маслиново масло. Загрејте четири лажици маслиново масло и измешајте со две лажици мед. Нанесете на косата и ставете капа за туширање. По 30 минути измијте ја косата.

Маска од банана

Доколку вашата коса е екстремно сува и кршлива, со оваа маска ќе добиете хидратантен третман. За оваа хранлива маска ќе ви требаат:

  • мед
  • гел од алое вера
  • млеко
  • банана

Измешајте ги сите состојки за смесата да биде зрнеста, но не премногу течна и држете ја на главата 30 минути.

Мрсна коса

Маска од белка од јајце
Белката нежно ги отстранува несаканите масла од косата. Во белките додадете го маслиновото масло и убаво измешајте. Нанесете ја маската на влажна коса и оставете ја да делува околу 20 минути.

Маска од јогурт
Измешајте четири лажички јогурт со малку маснотии со една лажичка сода бикарбона и сок од лимон, што е одлично за мрсна коса бидејќи може да ја балансира pH вредноста на скалпот и да го контролира производството на маснотии. Нанесете ја маската на коренот на косата и исплакнете по 30 минути.

Оштетена коса

Маска од кокосово масло

Кокосовото масло ја хидрира оштетената коса, додека жолчката од јајце, која е богата со протеини, го храни коренот на косата. Со медот, може да направи чуда за безживотна коса, оштетена од бројни третмани.

  • 3 лажици ладно цедено кокосово масло
  • 2 жолчки
  • лажица мед

Во сад ставете три лажици кокосово масло, додајте две жолчки, а потоа една лажица мед. Нанесете ја маската на косата и држете ја еден час.

Безсјајна коса

Маска од авокадо
Ако помешаме три лажици маслиново масло со едно авокадо, ќе добиеме одлична маска за враќање на сјајот на косата. Кога смесата ќе стане смеса треба да се загрее на блага температура во тенџере. Чувајте ја маската на косата околу 30 минути и потоа измијте ја.

За побрз раст

Маска од рицинусово масло
Ова масло има способност да го лекува скалпот и може да спречи прекумерно опаѓање на косата и да ја направи посилна, погуста и посјајна. Богат е со омега 9 и омега 6 масни киселини кои го обновуваат фоликулот на косата. Измешајте три лажици од ова масло со две жолчки и две лажици мед. Оставете да отстои до 60 минути.

Танко влакно

Маска од пиво
Доколку имате потполно тенка коса и права сплетена коса, а сакате да и додадете волумен, за оваа маска треба да измешате две лажици шеќерен сируп, две лажици варено млеко и две лажици пиво. Добиената смеса треба да се нанесе на косата, да се завитка во фолија, а потоа во крпа и да се остави да делува околу 30 минути.