Home Спорт Маскерано ја отвори душата: Сакам да одам во тим каде што ќе бидам важен!

Маскерано ја отвори душата: Сакам да одам во тим каде што ќе бидам важен!

Играчот на Барселона, Хавиер Маскерано ја поврди информацијата дека сака да го напушти „Камп Ноу“ во зимскиот преоден рок.

Аргентинецот јавно призна дека сака да се пресели во тим каде што ќе се важен, иако има договор со Каталонците до 2019 година.

„Уште пред извесно време имав средба со раководството и им кажав како се чувствувам. Никој не е виновен за тоа, едноставно таква е реалноста. Јасно е дека повеќе не сум толку важен за тимот, па сакам да играм за клуб каде што ќе се чувствувам важен“, јасен беше Маскерано.

„Ме загрижува тоа што во последните 11 месеци имав 5 мускулни повреди, и сметам дека се случија поради немање на континуитет. Ќе замимам истиот ден кога ќе почувствувам дека сум терет за клубот“, додаде Аргентинецот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…