Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Капитенот на Перу, Паоло Гереро доби суспензија од една година поради бидејќи бил позитивен на кокаин при допинг-тест, соопшти ФИФА.
Напаѓачот на Фламенго и капитен на перуанската репрезентација падна на допинг тест направен по натпреварот помеѓу Аргентина и Перу во октомври.
„Со тоа што е позитивен на забранете супстанца, играчот го прекрши членот 6 од анти-допинг правилата на ФИФА, па беше применет членот 66 од Дисциплинскиот правилник“, соопшти Светската фудбалска федерација.
Ова е голем удар за Перу бидејќу на Светското првенство ќе настапи без својот капитенн. Суспензијата на Паоло Гереро започнува од 3-ти ноември 2017 година и ќе трае 12 месеци.