„Марка“ тврди: Барса ја носи ѕвездата на Јунајтед за 0 евра!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еминентниот весник „Марка“ пренесува дека Барселона е силно заинтересирана во своите редови да го донесе играчот на Манчестер Јунајтед, Дени Блинд и веќе работи на тоа.

Холанѓанецот оваа сезона кај Мурињо добива многу мала минутажа и не е задоволен од својот статус, па на крајот на сезоната готово сигурно ќе ја промени средината.

Договотот на Блинд со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот на сезоната, а нема никакви најави дека двете страни имаат желба да ја продолжат соравотката.

Барселона сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе Холанѓанецот на „Камп Ноу“ без обештетување следното лето.

Каталонците веќе стапиле во контакт со неговиот агент, а тренерот Валверде дал зелено светло за трансферот бидејќи станува збор за поливалентен играч кој може да игра и во одбраната и во средниот ред.