Home Спорт „Марка“ потврди: Јувентус е сериозен за Роналдо, ова се деталите!

„Марка“ потврди: Јувентус е сериозен за Роналдо, ова се деталите!

Мадридскиот весник „Марка“ кој е близок до Реал Мадрид на својата насловна страна најави сензаионален трансфер на Кристиано Роналдо во редовите на италијанскиот шампион Јувентус.

Изминатите денови се појавија шпекулации дека Јувентус е заинтересиран за Роналдо, а сега пристигнуваат потврди од сите страни дека „старата дама“ веќе започнала преговори.

„Марка“ денес излезе со наслов „Јувентус е сериозен во врска со Роналдо“ и откри детали целата операција.

Имено, „бјанконерите“ се во преговори со неговиот агент Жорге Мендеш и на Роналдо му понудиле четиригодишен договор вреден 120 милиони евра, односно 30 милиони по сезона.

Португалецот моментално во Мадрид заработува 21 милион евра по сезона, а шпанските медиуми пренесуваат дека одбил договор вреден 26.7 милиони евра по сезона кој му бил понуден од страна на „кралевите“.

„Марка“ во денешното издание тврди дека Реал Мадрид е спремен да преговара со италијанскиот клуб и дека трансферот би можел да биде договорен за сума од 120 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…