Home Спорт Марез веќе се договори со новиот клуб, а тоа НЕ е Сити

Марез веќе се договори со новиот клуб, а тоа НЕ е Сити

Ријад Марез во зимскиот преоден рок беше пред трансфер во Манчестер Сити, но сега настана пресврт и на лето би можел да ја напушти Премиер лигата.

Имено, ѕвездата на Лестер веќе долго време сака да го напушти клубот, а сега повторно почна да кокетира со Рома.

Марез беше пред трансфер во Сити во јануари, но „граѓаните“ имаат други трансфер мети за летниот преоден рок.

Италијанските медиуми тврдат дека неговиот менаџер е во постојан контакт со Рома и дека Марез веќе договорил соработка со „волчицата“.

Алжирецот има договор со Лестер до 2020 година, а „лисиците“ за неговата слобода бараат 60 милиони евра.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Рома е спремна да понуди 55 милиони евра за неговиот потпис и се претпоставува дека тоа ќе ги задоволи апетитите на англискиот клуб.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…