Home Живот и здравје Жените полудеа: Рецепт за приорден серум кој помага во растот на трепките!

Жените полудеа: Рецепт за приорден серум кој помага во растот на трепките!

Долгите и густите трепки се сон на секоја жена, а некои среќници се раѓаат со такви, но на другите не им преостанува ништо друго освн да ги вметнат. Или?

Новиот бјути хит од интернет е серум за раст на трепките и се состои од две состојки кои секој ги има дома. Многу бјути блогерки се колнат во неговата ефикасност, а со оглед на неговата цена, немате причина да не го пробате.

Еве го рецептот:

Кората од лимон насечете ја на ситни парчина и оставете ја да се исуши. Сувата корка ставете ја во сад во кој претходно сте ставиле 20мл рицинусово масло. Смесата оставете ја да одстои минимално три дена, а идеално би било и пет. После тоа извадете ја кората и вашиот серум е спремен.

Серумот се нанесува пред спиење, на чисти трепки и тоа на нивниот корен. Во секој случај не претерувајте со количината. Резултатот ќе биде видлив после две недели.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

12 здрави намирници кои можете да му ги дадете на вашето куче

Постојат многу намирници кои можете да ги споделите со вашиот пес, меѓутоа, некои се многу…