Манчестер Јунајтед спреми 145 милиони за две ѕвезди од Бундес лигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед лошо ја отвори сезоната, па јасно е дека на „црвените ѓаволи“ ќе му бидат потребни засилувања во зимскиот преоден рок.

Медиумите на Островот тврдат дека раководството на „црвените ѓаволи“ одобрило повеќе од 100 милиони фунти за зимски трансфери, а главни мети ќе бидат две ѕвезди од Бундес лигата,

Станува збор за Каи Хаверц, офанзивниот фудбалер на Баер Леверкузен и ѕвездата на Баерн Минхен, Томас Милер.

Милер веќе подолго време е на мета на Манчестер, а сега трансферот е многу веројатен, ако се знае дека германскиот репрезентативец го загуби местото во стартниот тим кај тренерот Нико Ковач.

Многу потешко ќе му биде на Манчестер да го обезбеди потписот на Хаверц, кој е на мета на многу европски гиганти.

Англиските медиуми тврдат дека Јунајтед за потписот на двајцата фудбалери е спремен да плати 145 милиони евра.