Home Спорт Манчестер Јунајтед сака да го тужи Роналдо за интервјуто со Пирс Морган

Манчестер Јунајтед сака да го тужи Роналдо за интервјуто со Пирс Морган

Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед се подготвува да го раскине договорот за Кристијано Роналдо.

Англискиот клуб денес излезе со кратко соопштение дека ќе ја анализира ситуацијата и дека се преземени неопходните чекори поради интервјуто.

Набрзо по тоа соопштение од Островот стигна информација, од повеќе извори, дека Јунајтед подготвува раскин на договорот со Роналдо.

„ЕСПН“ открива дека Јунајтед ангажирал адвокати за да ја истражат можноста и да го тужат Роналдо за прекршување на одредени клаузули од неговиот договор, кој истекува на 30 јуни 2023 година.

Истиот извор додава дека Ерик тен Хаг на состанокот со управата на клубот оваа недела веќе побарал Роналдо да биде отстранет од тимот. Некои извори пишуваат дека и намерата на Роналдо со интервјуто била по секоја цена да замине на зима.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…