Home Спорт Манасков: Немаме квалитет за вакви натпревари, тие не се играат со изгубени глави

Манасков: Немаме квалитет за вакви натпревари, тие не се играат со изгубени глави

Разочарувањето е големо во таборот на македонската ракометна репрезентација по вчерашниот висок пораз од Холандија во второто коло на Светското првенство 2023.

Еден од најискусните, левото крило Дејан Манасков смета дека оваа селекција во дадениов момент нема квалитет за вакви тешки натпревари.

– Не знам што да кажам. И пред натпреварот реков дека ако играме како со Норвешка ќе изгубиме 10 разлика. Одигравме катастрофално. Немаме квалитет за вакви натпревари. Вакви натпревари се играат со концентрација, со глава, со срце, со изгубени глави не се игра на вакви натпревари. Ќе се обидеме да собереме сили да ја победиме Аргентина, колку да се рече дека сме влегле во втората фаза, па таму со Господ напред, изјави Манасков.

Во последното коло од Ф-групата, македонската селекција ќе се соочи со Аргентина во директен дуел за пласман во Главната групна фаза.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…