Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Под влијание на влажен бран времето во текот на оваа седмица ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни и обилни. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец што ќе услови релативно топло време за овој период од годината и врнежи претежно од дожд.

Во следните три дена минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9 степени, а максималната од 9 до 17 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…