Малиот јунак со огромно храбро срце – го ризикуваше својот живот за да го спаси оној на својата сестричка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


6-годишниот Бриџер Вокер од американската држава Вајоминг го ризикуваше животот за да ја спаси својата помлада сестра од бесни кучиња.

Кога едно од кучињата ја нападнало сестричката на 9 јули, малото дете храбро се спротиставило, а кучето го гризнало по лицето и главата. И покрај повредите, тој успеал да ја зграби раката на својата сестричка и да избега со неа на безбедно.

Неговата тетка Ники Вокер на социјалните мрежи напиша дека добил 90 шевови по болничката интервенција на лицето и главата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikki Walker (@nicolenoelwalker) on

„Мојот внук е херој кој ја спаси својата сестричка да не биде нападната од куче. Тој самиот е каснат за кучето да не стигне до неговата сестра“, опиша таа.

„Ако некој требаше да умре, мислев дека треба да сум јас“, изјавило момчето, според зборовите на неговата тетка.

Бриџер веднаш бил однесен во болница. Тој во моментов е дома и веќе има насмевка на лицето.