Home Спорт Малиот херој боледува од тешка болест, но има една желба – Бразил да биде шампион! (фото)

Малиот херој боледува од тешка болест, но има една желба – Бразил да биде шампион! (фото)

Малиот тригодишен, Лукас од Сао Паоло боледува од рак.

Поради тешката болест тој мора да биде во болница, а малиот херој од таму ги следи натпреварите на Мундијалот во Русија.

Заедно со Лукас е неговата мајка, Клаудија која во животот има само една желба, а тоа е нејзиниот син да биде здрав. Лукас е вистински навивач на Бразил.
Осминафиналниот натпревар против Мексико го следеше во дресот кој по никаква цена не сакаше да го соблече.

И Лукас има свои желби. Тоа е Бразил да го освои Светското првенство, но и неговиот миленик Нејмар да биде најдобар играч на турнирот.

Сликата од болницата како малиот херој не сака да пропушти ниту една минута од натпреварот и будно го следи секој потег на Нејмар сигурно е една од најтажните на овој Мундијал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…