395 во една и пол година: „Пуцко Петрол“ пак си лапна државен тендер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Пуцко Петрол”, компанија која е во сопственост на Исмаил Јахоски, градоначалник од ДУИ во Пласница, доби нов државен тендер, овојпат на Службата за општи и заеднички работи на Владата за 50 илјади евра.

Претходно тендерот на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје од 15 милиони евра за набавка на гориво за автобусите го доби „Пуцко Петрол”. Или во последните 18 месеци, според податоците на Бирото за јавни набавки, компанијата на Јахоски доби вкупно 392 тендери вредни 34,56 милиони евра.

Според последниот тендер „Пуцко петрол“ е должен да испорачува мазут за објектите на Вила Дојран, Комплекс вили Охрид, Вила Попова Шапка, Вила 2 Скопје, Вила 3 Скопје и Клубот на Републички органи – Скопје.

Претходно „Пуцко – Петрол“ е потписник на тендерите за ЈСП-Скопје вреден 15,3 милиони евра, гориво за службените возила во Министерството за правда вреден 34 илјади евра, гориво и масло за греење од 150 илјади евра за Охридската болница, масло за греење за болницата во Струга во вредност од 100 илјади евра… На листата на институции на кои „Пуцко – Петрол“ само годинава им продал услуги се и општина Студеничани, Агенцијата за храна и ветеринарство, општина Сарај, Управата за јавни приходи…

„Пуцко Петрол“ во 2017 и 2018 година склучил договори за 395 тендери вредни 2.143.110.674 денари или околу 34,56 милиони евра.

Извор: Мкд.мк