Home Шоубизнис Малиот гениј од Белгија го напушти факултетот бидејќи немало да може да дипломира пред 10. роденден

Малиот гениј од Белгија го напушти факултетот бидејќи немало да може да дипломира пред 10. роденден

Белгиското чудо од дете и гениј за многу научни дисциплини, Лорен Симонс, го напушти факултетот на кој се надеваше дека ќе дипломира пред да го прослави неговиот десетти роденден кој му се паѓа на 26 декември оваа година.

Родителите на Лорен Симонс се надевале дека нивниот деветгодишен син ќе може да дипломира пред 26 декември, кога му е роденденот и ќе стане првиот на светот што дипломирал на факултет на возраст под 10 години.

Бидејќи Универзитетот во Ајндховен соопшти дека малиот генијалец имал премногу испити за да дипломира до неговиот роденден, родителите на Лорен решиле да го извадат нивниот син од факултетот.

Понудата да дипломира нивниот син на факултетот за електротехника до средината на следната година, беше студено одбиена. Студиите, што обично траат три години, требало малото момче да ги заврши за само десет месеци, велат родителите.

Таткото Александар Симонс вели дека бил критикуван на универзитетот за изложување на неговиот син на толку многу медиумско внимание.

„Ни кажаа дека извршивме преголем притисок од медиумите за нашето дете и дека Лорен ќе мора да помине психијатриски прегледи ако продолжиме. Ако детето добро игра фудбал , сите сметаме дека вниманието на медиумите е одлична работа. Мојот син има различен талент. Зошто да не биде горд на тоа? “, изјави Александар Симонс.

Универзитетот потврди дека станува збор за дете со уникатен талент, но и дека не сакаат да извршат несоодветен притисок врз него.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …