Home Актуелно Мала експлозивна направа експлодираше пред Масонската ложа на Грција во Атина

Мала експлозивна направа експлодираше пред Масонската ложа на Грција во Атина

Мала импровизирана направа рано утрово експлодираше во центарот на грчкиот главен град, Атина, пред Масонската ложа на Грција, без притоа да има повредени или поголема материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина

На малата експлозија и претходел анонимен предупредувачки повик на бројот 112 за итни случаи, меѓутоа без да биде даден конкретен временски рок за експлозијата, по што веднаш полицијата го затворила просторот, а кусо подоцна експлодирал импровизираниот механизам.

Експлозијата била со мала јачина и предизвикана е мала материјална штета, во главно на ѕидот од објектот.

Полицајците од Секторот за уништување експлозивни направи пронашле и сомнителна кутија, по што била извршена контролирана експлозија за да се неутрализира евентуалната втора бомба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…