И денеска ќе биде пеколно жешко


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синоптичарите и за денеска најавија екстремно топло време со температури кои на места ќе достигнат 42 Целзиусови стeпени.

Никаде во Македонија максималната температура нема да биде под 30 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. УВ индексот ќе биде 10, што значи дека треба да се биде многу внимателен, да се избегнува сонцето колку што е тоа можно.

Утринската температура се движи во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 40 до 42 степени во јужниот дел на Повардарието, како и од 30 во високите места во западна Македонија како Лазарополе и Маврово, до 34 во Охридско-преспанскиот регион, како и во повисоките места од североистокот и истокот на земјата, 37 и 38 во Полог и Пелагонија, од 38 до 40 во скопскиот, штипскиот и други региони во Македонија.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степена.

Под влијание на топол бран во следниот период ќе се задржи стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10, а утринските температури во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени.