Македонците донираа 270.000 евра за погодените од земјотресите во Драч


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


16, 6 милиони денари или 270.000 евра донирале македонските граѓани за настраданите од стравичната серија земјотреси кои пред повеќе од два месеци го погодија албанскиот град Драч.

Од Црвен Крст велат дека парите ќе бидат наменети за сите оние кои останале без покрив над главата, но и за потребите на децата. Посочија дека македонските граѓани уште еднаш ја покажале својата хуманост на дело.

Во катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според рихтер, загинаа 50 лица, а 2000 беа повредени. Освен во Драч, тлото се тресеше и во Тирана. Во двата града, вкупно беа уништени 2,365 објекти. Над 4000 луѓе останаа без покрив над главата,а премиерот им вети нови домови оваа година. Сите балканси земји,но и пошироко испратија помош, но и екипи на терен кои вршеа проценка на објектите. По овој, следуваа уште 300 помали земјотреси.