Македонци со пријавен престој во Србија ќе можат таму да ја примат вакцината против коронавирусот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Државниот секретар во Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек, рече дека само странски државјани со пријавен престој во земјата, можат да се вакцинираат во Србија.

Тие, како и државјаните на Србија, можат да аплицираат за вакцинација преку платформата „Е-управа“, а ќе бидат повикани за вакцинација во најблискиот центар за вакцинирање до местото на престој.

На социјалните мрежи деновиве постојано се поставуваат прашања од заинтересирани наши граѓани за условите под кои може да вакцинираат во Србија.

Од Здравствениот дом во Врање за МИА велат дека имаат голем интерес за вакцинирање од македонски граѓани, но освен електронските пријави, мора да имаат и српска лична карта или пасош.

Досега таму се вакцинирале околу 70 наши граѓани со српско државјанство, кои ја примиле вакцината на „Синофарм“.

„Бидејќи не можев да ја примам вакцината во Скопје, и бидејќи сум двоен државјанин и на Македонија и на Србија, поднесов барање до ‘Е-управата’. Така добив датум за вакцинирање“, изјави за РТС Зоран Симоновски од Скопје.