Home Актуелно Македонските граѓани во банките чуваат вкупно 4,5 милијарди евра

Македонските граѓани во банките чуваат вкупно 4,5 милијарди евра

Банкарските депозити на населението во Македонија изминатиот септември оваа година изнесуваат 273,9 милијарди денари или 4,5 милијарди евра и бележат раст од 8,8 отсто во однос на септември минатата година, покажуваат податоците на Фондот за осигурување депозити, од каде што оценуваат дека граѓаните имаат доверба и ги чуваат парите во банките и покрај намалувањето на каматните стапки.

Повеќе од половина или 51,8 отсто од депозитите се во денари, а останатите 48,2 отсто се девизни. По видување се 51,1 отсто, а орочени депозити се 58,9 отсто. Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа во септември 2019 година се зголемени за 10,1 отсто, при евидентиран раст на кај двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…