Актуелно

Стигна вистинската есен: Облачен и постуден четврток

Последниот ден од октомври во Македонија носи вистински есенски услови со претежно облачно и постудено време и локални врнежи од дожд, особено во југоисточните делови. Ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната 11 до 15 Целиусови степени.

Во Скопје претежно облачно и постудено со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 14 степени. Во Маврово 12 степени, Охрид 15, Битола и Кавадарци 14, Крива Паланка 12, Берово 11, Дојран 15 степени.

До сабота ќе преовладува претежно облачно и постудено време со локални врнежи од дожд. Од недела ќе дува умерен југоисточен ветер и ќе има пораст на дневната температура

Advertisements
To Top